Пендаровски се сретна со поранешниот генерален секретар на НАТО: Велат ние сме пример за мирно решавање на спорови
На маргините на Минхенската безбедносна конференција, денеска претседателот Пендаровски се сретна со Хавиер Солана – поранешен генерален секретар на НАТО, Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и министер за надворешни работи на Шпанија.
Во фокусот на разговорот беа актуелните политичко-безбедносни случувања во Европа, нивното влијание врз нашиот регион и важноста од неговото интегрирање во Унијата. Претседателот Пендаровски го информираше соговорникот за последните внатрешно-политички настани во земјата, текот на реформските процеси и новата динамика во добрососедските односи.
Солана, кој е актуелен претседател на Центарот за глобална економија и геополитика (EsadeGeo) и докажан пријател на Северна Македонија вклучувајќи се и во Охридската група за поддршка на земјата за членство во ЕУ и НАТО, уште еднаш ја поздрави македонската конструктивна улога на Западниот Балкан како пример за решавање на тешки прашања, како и потребата за реализирање на европската агенда во контекст на интеграциите, согласувајќи се дека Унијата треба што побрзо да ги имплементира своите одлуки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со…
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се…
Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и…
Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и…
Зеленски и Трамп би можеле да се…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател…
Кремљ се надева на уште една средба…
Кремљ денеска соопшти дека се надева на…
Кремљ: Нема потреба од средба меѓу Трамп…
Моментално „нема потреба“ од средба меѓу американскиот…