Пендаровски: Следејќи го Христовиот пример, да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.
Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден со пораката: Христос Воскресна Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата. А тоа ќе го правиме со секој чин на солидарност кон ранливите и грижа за природата, со заложбите за слобода, правда и мир, со борбата за социјална правда и за достоинствен живот на нашите сограѓани. Враќајќи ни ја надежта во општото добро, овој празник нѐ потсетува дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други. Следејќи го Христовиот пример, да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество во кое ќе има место за секого бидејќи, секој човек, независно од етничката, верската, јазичната, социјалната, политичката или која било друга припадност – е наш ближен, стои во честитката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демолиран штабот на СДСМ во Јегуновце на…
На најголемиот христијански празник – Велигден, во…
И затворениците во ,,Шутка” се кршеа со…
Големиот христијански празник Велигден денеска се прослави…
Мицкоски: Само заедно, со меѓусебна почит и…
Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…
Гаши: Нека Велигден биде поттик за уште…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…
Денес се празнува Воскресение Христово – Велигден
Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…