Пендаровски со честитка до српската заеднца во Македонија по повод празникот Свети Сава

t

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.

„Почитувани сограѓани од српската заедница,

Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Македонија најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Македонија – Свети Сава и да ви посакам големиот празник да го поминете во хармонија, радост и среќа.

Празнувањето на духовникот Свети Сава е дополнителен мост за наше културно поврзување со соседна Република Србија, но и особено значаен дел од мозаикот на македонското мултикултурно и мултиетничко општество.

Би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам на сите припадници на српската заедница во Република Македонија за нивниот придонес во сите сфери на општественото живеење и во градењето на демократска, просперитетна и заедничка татковина на сите.

Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава“ – истакна тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување: Србите имаат 50% словенска генетика, останатото…

Денешните Срби имаат околу 50-60 отсто словенско…

Вучиќ: Бугарите негодуваат, затоа што сме попопуларни…

Ги сакам сите вина на нашите браќа…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Партијата на Курти се закани со ликвидација…

Косовската владејачка партија, Движење Самоопределување му порача…

Европската комисија предложи да се укинат визите…

Европската комисија предложи да се укинат визите…