Пендаровски со честитка за Денот на трудот: Да се бориме за вистинска валоризација на секој работник

t

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод Денот на трудот со порака дека Први мај е вистинска можност за потсетување на нашиот стремеж кон подобро и поправедно, европско општество.

Како држава, истакнува претседателот, треба постојано да вложуваме напори за унапредување на правата на сите работници.

Пораката за Први мај, наведува, е до сите граѓани, работници и борци за подобро утре.

Да се бориме за вистинска валоризација на секој работник и работничка во земјата, на секој поединец кој преку својата дејност, со својот труд и пожртвуваност придонесува за заедничкото добро. Први мај е вистинска можност за потсетување дека нашиот стремеж за подобро, поправедно, европско општество во секој сегмент од животот треба со заеднички сили да го преточиме во секојдневие. Наша задача не е само да ги обезбедиме и штитиме, туку постојано да ги унапредуваме работничките права. Да бидеме гласни кон неправдите, да ги почитуваме работниците и нивното право на достоинствен живот, зашто само така ќе успееме во толку потребниот прогрес, што секој работник и секој граѓанин го заслужува. Честит 1 Мај, наведува претседателот Пендаровски.

Според него, како и во екот на кризата, така и денеска, им се оддава почит на сите работници.

Со надеж дека ја испраќаме пандемијата во заборав, денеска им го честитам Меѓународниот ден на трудот на сите граѓани, работници и борци за подобро утре. Како и во екот на кризата, така и денеска, оддаваме почит на сите работници без кои тешко ќе успевaме да ја надминеме здравствената и економско-социјалната криза, вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…