Пендаровски: Споменикот на УЧК во Слупчане е дивоградба!

t

Во политичка смисла, дур сме живи ние и 100 години потоа, Албанците ќе велат дека овие се борци за човекови права и јунаци, а Македонците ќе велат терористи, кои убивате полицајци и тие права ќе ги добивавте преку институции. Не знам за држави кои биле во конфликт се согласиле околу тоа, вели претседателот Стево Пендаровски.

-Која е правната смисла тука? Во март 2002 година е донесен Законот за амнестија. Дел и од бранителите и од УЧК го забораваат тој момент. Во првиот член на Законот се вели амнестија за сите ученици во конфликтот. УЧК тогаш е изедначена со бранителите. Ако не беше изедначена, немаше да биде ДУИ како политички субјект. Сега истите овие што креваат галама околу споменикот, сакам да ги прашам бевте ли вие господа на власт со Али Ахмети во овие 20 години еден период барем? Али Ахмети бил во Влада со вас, затоа што беше амнестиран,  Пендаровски за поставувањето на спомен-кулата на УЧК во село Слупчане.

Според него, не можеме да направиме историја околу која ќе се усогласиме по ова прашање.

-Тоа што кулата нема добиено потврда од Собранието за споменици, тоа кажува дека објектот е дивоградба, исто како што се дивоградби околу 90% од спомениците на плоштад. Што е тргнато од тоа? Ништо. Ако го тргнеме ова од Слупчане, дај да ги тргнеме и овие од плоштад. Дајте да постапуваме и да го измениме Законот. Споменикот на Никола Карев пред Собранието исто така е дивоградба, пред таква институција, вели тој .

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

(Видео) Петровски: Охридскиот рамковен договор треба да…

Охридскиот рамковен договор требаше да се вика…

Курти: Борбата на УЧК беше праведна и…

На тригодишнината од обвинението на Специјалниот суд…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…