Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски

t

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да се случи побрзо. Пендаровски вели дека не треба да се дозволи процесот да трае предолго.

Тоа е работа на министерот за правда кој тоа и го направи (испрати барање за екстрадиција, н.з.), меѓутоа случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај боже да трае со месеци или со години, вели Пендаровски прашан дали може да биде обвинет дека се меша во независноста на судската власт во Турција.

На прашањето дали е можно да има одолговлекување од турска страна, поврзано со барањата на Трција за испорака на припадници на Фето од Македонија, претседателот рече дека лично до него од Ердоган во 2019 г. дошло такво барање како услов за Турција да го ратификува протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

Му ја објаснив ситуацијата на претседателот Ердоган од сите аспекти, вклучувајќи го и неспорниот факт дека ние сакаме да станеме членка на Алијансата во која има и други прилично моќни држави кои кон нас испорачуваат сосема спротивни барања, дека ако тоа и тоа се случи ќе имате проблеми од друг тип со други ратификации во истиот процес на пристапување. Ердоган совршено ме разбра и наредниот ден координаторот во турскиот парламент од неговата пратеничка група доби задача и во 24 часа ја ратификуваа таа спогодба, без воопшто да има барања во однос на тие 15 лица нешто конкретно. Иако во тоа време нашето МНР даде дециден одговор дека значаен дел од тие лица не се на наша територија, а за другите до таа бројка од 15 побара дополнителнн аргументи дека станува збор за припадници на терористичка акција, рече Пендаровски.

Претседателот додаде и дека според информациите од разузнавачки карактер кои тој ги добива, најголем дел т.н. „ѓуленисти“ не се повеќе во земјава.

Досега тоа не било покренато на ниедно ниво, инаку нема потреба да имате ваков случај за тоа прашање да се покрене. Турските власти знаеја во тој период и по други поводи да го покренуваат. До овој момент до мене не е дојдено такво барање, вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деспотовски: Македонија е стабилна земја со вредни…

Позитивната деловна клима за инвестирање, брзи и…

Топло, но со можност за невреме на…

Оваа година за 1 и за 2…

Навала од странски работници во Хрватска! Се…

Во периодот јануари-март 2024 година, во ХЗМО…

Пациент со Конго-кримската хеморагична треска хоспитализиран на…

Пациент заболен од Конго-кримската хеморагична треска (ККХТ)…

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, само…

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денес присуствувал…