Пендаровски ќе патува во Софија на средба со Радев

t

Претседателот Стево Пендаровски информираше дека на 1-ви октомври ќе замине во посета на Софија, на покана на неговиот колега Румен Радев.

-Таму се отвора интерконекторот меѓу Грција и Бугарија. Ќе дојдат неколку претседатели и премиери од регионот, ќе биде и претседателот на Азербејџан. Таму сме повикани во една политичка симболика да покажеме дека не треба да се гледаме како непријатели, туку добри соседи кои си помагаат во неволја, рече Пендаровски.

Тој исто така додаде дека имал четири телефонски разговори со Радев, на кои, меѓу другото се зборувало за увоз на електрична енергија за нашата земја.

-Бугарија е една од ретките земји од ЕУ кои имаат вишок на струја, пред се поради нивната нуклеарка Козлодеј. Побаравме да ни дадат струја, по пониски цени од светските. И можам да кажам дека тука Бугарија до овој момент се прилично кооперативни. Европските правила се јасни – ако имаш вишок енергија мораш прво да го понудиш на земја од ЕУ, инаку ќе трпиш пенали од Европската комисија, а ние денеска почнуваме со скринингот, кажа Пендаровски во емисијата „Трилинг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…

Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…

Бугарската влада во вторник се задолжи за…