Пензионерите со масовен протест на 20-ти септември во Скопје, Владата вели дека барањата не им се реални
Минимална пензија од 18.000 денари, повисоки пензии за 3.500 денари за сите, но и повисоки надоместоци.
Од здруженијата информираа дека на 20-ти септември кога се одбележува Денот на пензионерите, се подготвуваат за масовен протест во Скопје, на кој очекуваат поддршка и од сите националности.
Пензионерите не се повлекуваат од реализација на своите барања.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска изјави дека во нардните неколку дена очекува да ги добие податоците од Државниот завод за статистика и официјално ќе се знае дали покачувањето на пензиите ќе биде за 6% или повеќе зависи што ќе покаже статистиката.
Потенцира дека треба да се мисли и на стабилноста на Фондот. Таа додава дека барањето на пензионерите за минимална пензија од 18.000 денари е многу нереално, бидејќи во државата минималната плата е 20.000.
Вели дека ова може да го оптовари пензискиот фонд и по неколку месеци да нема пари за исплата на пензиите за 330 илјади пензионери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…