Објавено на:

Пензионираниот руски потполковник: Путин со свои раце ги уништи ресурсите на земјата за воена мобилизација, а сега овој идиот не вовлече во војна со целиот свет

t

Пензионираниот руски потполковник Виталиј Вотановски ги критикуваше постапките на рускиот претседател Владимир Путин за време на воената операција во Украина.

Вотановски, кој служел во руските воздухопловни сили, а сега е вклучен во политиката во Краснодар, стана гласен противник на војната во Украина и, наводно, во неколку наврати бил приведен поради објавување фотографии од гробовите на руски војници.

„Путин со свои раце ги уништи ресурсите на земјата за воена мобилизација, а сега овој идиот не вовлече во војна со целиот свет“, изјави Вотановски за порталот „Москва тајмс“.

„Тој создаде таква ситуација што не можеме да победиме“, додаде тој.

„Украинец ми го спаси животот“

Како што пренесува овој портал, само неколку воени ветерани јавно излегле и ја критикувале воената операција во Украина и одлуката на Путин за мобилизирање резерви, а Вотановски и неговите истомисленици биле на удар на јавноста поради ваквите ставови. Исто така, мислењето на Вотановски и сличните на него за војната во Украина беше критикувано од поранешните соборци.

„Ние, ветераните, зборуваме за тоа што се случува. Има луѓе кои размислуваат како мене, другите се помалку радикални… Но, повеќето луѓе се под влијание на пропаганда и се измамени“, вели Николај Продукин, 61-годишен ветеран кој учествуваше во 10-годишната војна на СССР во Авганистан.

„Москва тајмс“ наведува дека Прокудин бил еден од ветераните кои во 2021 година поднеле петиција против „ескалацијата на војната“ во Украина заедно со Сергеј Гуљаев, кој работел како разузнавач во Авганистан во 1980-тите.

Многу ветерани оттогаш ги повлекоа своите имиња од петицијата, но Гуљаев не.

„Не знам дали ќе ме мобилизираат. Но, сигурно нема да се борам против Украина. Претпочитам да бидам во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…