Објавено на:

Пенс: Време е за решителна акција и нов пакет санкции против Русија

t

Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, денес изјави дека го разбира стилот на претседателот Доналд Трамп во односите со авторитарните лидери, но верува дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, време е за решителна акција.

Тој додаде дека Трамп, покрај средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, која е планирана за утре, треба да го покани и лидерот на републиканците во Сенатот, Џон Тун, веднаш да спроведе нов пакет санкции против Русија, изјави Пенс за Си-Ен-Ен.

„Комбинацијата од ангажман и во исто време јасно предупредување на Путин дека сме подготвени да преземеме мерки што би можеле да ја уништат неговата економија, а во исто време да ја удвоиме нашата посветеност на безбедноста на Украина и тесната соработка со нашите европски сојузници, тоа е патот по кој треба да се оди“, рече Пенс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…