Објавено на:

Пенс со разочарувачка изјава: Украина не може да влезе во НАТО додека не заврши војната

t

Мајк Пенс, поранешен потпретседател и учесник во трката за претседателски кандидат од Републиканската партија во настапите на американските телевизии синоќа повторно испрати безрезервна поддршка за Украина.

Во интервју за Си-Ен-Ен тој констатираше дека во „неговата партија, како и во целата земја се расправа за учеството на САД (во настаните во Украина)“.

„Но, јас сум длабоко убеден дека мнозинството Американци се свесни дека ние сме лидери на слободниот свет и одбрана на слободите и ги поддржуваме сите кои се борат за својата слобода, тоа секогаш ја засега Америка“, истакна Пенс.

Слична поддршка тој даде и во настап за телевизијата Си-Би-Ес.

Во однос на ова тој стави до знаење дека Украина не може да стане членка на НАТО додека војната не заврши.

Пенс ги даде коментарите по неговата посета на Киев минатата недела. Ги пренесе впечатоците од средбата со Володомир Зеленски и кажа дека украинскиот претседател „ќе биде отворен за условна покана“ на земјата да стане членка на Алијансата тогаш кога „војната ќе биде добиена“.

Тој е меѓу тројцата најистакнати кандидати од Републиканската партија кои се борат за номинација претседаталски кандидат на изборите закажни за ноември 2024 година. Останатите двајца се гувернерот на Флорида, Рон Десантис и поранешниот претседател Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…

Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…

Путин: Има можност за склучување мировен договор…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Колку ракети „Патриот“ ќе купи Украина со…

Украина побара од Европската комисија да издои…

Фон дер Лајен и Руте ќе разговараат…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…