Пентагон: Атентаторот нема никаква врска со војската
Пентагон соопшти дека Томас Крукс кој денеска пукаше врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија, немал никаква поврзаност со војската на САД.
-Потврдивме во сите воени служби дека во нивните бази на податоци, осомничениот со тоа име или датум на раѓање нема никаква поврзаност со војската, активната или резервната компонента, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер.
Си-Ен-Ен објави дека во домот и во автомобилот на атентаторот е најден експлозивен материјал. Оружјето, пак, со кое пукал го купил неговиот татко пред најмалку шест месеци.
Федералните агенти кои ја водат истрагата не го објавија мотивот за нападот, но властите го третираат како обид за атентат. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…