Објавено на:

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

t

Пентагон побара од американската одбранбена индустрија итно да го зголеми производството и испораката на оружје, особено на муниција, чии резерви значително се намалиле поради војната со Иран.

Американскиот заменик-министер за одбрана Стив Фајнберг во допис испратен до директорите на компании од одбранбената индустрија побара од нив во рок од 21 ден да достават планови за значително побрза испорака и зголемување на производството на критични воени капацитети.

Дописот, до кој увид имал „Вашингтон пост“, покажува дека Пентагон сака одбранбените компании веднаш да ги прошират производствените капацитети и да ги скратат роковите за испорака.

– Повеќегодишни циклуси на развој не се прифатливи. Мора драматично да ги забрзаме роковите на нашите програми и веднаш да ги прошириме производствените капацитети, навел Фајнберг.

Од американското Министерство за одбрана очекуваат компаниите да предложат конкретни мерки со кои ќе може побрзо да се обезбедат потребните количества оружје и муниција.

Барањето доаѓа во услови на зголемена потреба за надополнување на американските воени резерви, откако значителни количества муниција биле потрошени во текот на воениот конфликт со Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

(Видео) Жена нападна две лица со нож…

Жената што нападна две лица со нож…

Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…

Пукање во Куманово во три наутро –…

На 31.08.2026 околу 02:45 часот во СВР…

Сеул тврди: Постојат знаци на дијалог меѓу…

Самит меѓу САД и Северна Кореја би…