Објавено на:

Пентагон им забрани на трансродовите луѓе да служат во американската војска

t

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил итно суспендирање на сите планирани медицински процедури за транзиција на полот за членовите на американската војска, во меморандум објавен минатата недела.

Меморандумот, исто така, формално го паузираше процесот на приклучување на трансродовите лица во војската, по извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, со која им се забранува на трансродовите луѓе да служат во американската војска.

„Уредбата стапува во сила веднаш. Сите нови приеми во војската на луѓе со историја на родова дисфорија се паузирани, а сите непланирани, закажани или планирани медицински процедури поврзани со потврдување или овозможување родова транзиција за припадниците на воената служба се паузирани“, пишува во меморандумот потпишан на 7 февруари, јавуваат американските медиуми.

Прекинот во медицинските процедури вклучува „иницирана хормонска терапија за потврдување на полот“.

Меморандумот следи по извршната наредба на Трамп од минатиот месец, во која се наведува дека „медицинските, хируршките и менталните ограничувања“ на трансродовите лица не се во согласност со потребите на војската.

Исто така, се наведува дека нивната родова транзиција е „во конфликт со посветеноста на војниците на чесен, вистинит и дисциплиниран начин на живот“ и дека „тоа не е во согласност со понизноста и несебичноста што се бара од припадниците на армијата“, пренесува Танјуг.

Во меморандумот на Хегсет се наведува дека „лицата со родова дисфорија доброволно се пријавиле да ѝ служат на нашата земја и ќе бидат третирани со достоинство и почит“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медиуми: Шефот на Пентагон нареди запирање на…

Шефот на Пентагон, Пит Хегсет и наредил…

Пентагон: САД нема да испраќа војска во…

САД нема да испраќаат свои војници во…

Пентагон им забрани на трансродовите луѓе да…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…

Пентагон: Доаѓањето на Трамп нема да влијае…

Пентагон објави дека доаѓањето на администрацијата на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…