Објавено на:

Пентагон: САД нема да испраќа војска во Украина

t

САД нема да испраќаат свои војници во Украина, изјави шефот на Пентагон, Пит Хегсет.
„Нема да испраќаме војници во Украина“, изјави Хегсет за новинарите во штабот на командата на Африка во Германија.
Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп очекува „наскоро“ да постигне мировен договор за Украина, а откако ќе се реши ситуацијата таму, САД ќе го проценат распоредувањето на своите сили во светот.


Засега, САД не планираат да го намалат своето воено присуство во Европа.
Претходно британскиот весник „Телеграф“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го суспендирала развојот на планот за решавање на конфликтот во Украина со цел да го земе предвид мислењето на европските сојузници. Според неименувани извори, Келог ги уверил европските партнери дека САД сакаат да ја зајакнат позицијата на Украина во преговорите со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…