Објавено на:

Пентагон со нови правила за новинарите, ќе мора да имаат придружба

t

Шефот на Пентагон, Пит Хегсет воведе нови ограничувања за движењето на новинарите во зградата на американското Министерство за одбрана и побара новинарите да имаат официјално одобрение и придружба кога се наоѓаат во ходниците, каде што е неговиот кабинет.

Според новите правила, новинарите треба да бидат придружувани и при посета на канцелариите на службата за односи со јавноста и на другите воени оддели. Тие мора да потпишат и документ за заштита на „чувствителни информации“, што критичарите го сметаат за можен изговор за цензура на новинарските извештаи.

Ова е уште еден од низата потези на администрацијата на Трамп за ограничување на медиумите, како иселување на дописниците од просториите за работа и затворање на прес-собата. Иако пристапот не е целосно забранет, новите мерки значително го ограничуваат контактот меѓу медиумите и раководството на Министерството.

Меморандумот ги оправдува мерките со „ажурирани безбедносни процедури“ за намален ризик од „ненамерни откривања“. Новинарите ќе добијат нови пропусници со јасно обележје „ПРЕС“ (PRESS).

Новите правила се воведуваат по скандалот со користењето на апликацијата Сигнал од страна на Хегсет и членови на кабинетот на претседателот Трамп, за чувствителни разговори за воздушните напади во Јемен. Јавноста за ова дозна кога групата по грешка додала новинар на изданието Атлантик. Генералниот инспектор на Пентагон и понатаму го истражува случајот.

Истовремено, аналитичарите предупредуваат дека Пентагон станува една од најнетранспарентните институции во администрацијата на Трамп, со сè поголеми рестрикции за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон: САД повлекуваат 5.000 војници од Германија

САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија,…

(Видео) Пензиониран офицер тврди: „Пентагон размислува за…

Додека отпорот на Техеран се интензивира, во…

Пентагон: Чистењето на Ормускиот Теснец од мини…

Расчистувањето на морските мини поставени од Иран…

Пентагон: 365 американски војници се ранети во…

Вкупно 365 американски војници се повредени во…

„Вашингтон пост“: Пентагон се подготвува за неколку…

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објавува, повикувајќи се…