Пентагон потврди: Обучуваме украински војници на неколку тајни локации, една од нив е Германија

Пентагон потврди дека обучува украински војници во воените бази на САД во Германија, известуваат западните медиуми.
„Ова е дополнителна обука поврзана со употреба на артилериски системи. Обуката вклучува и радарски системи и оклопни возила, кои неодамна ги објавивме како дел од пакетот за воена помош“, изјави портпаролот Џони Кирби на редовната прес-конференција.
Кирби додаде дека Американците ги обучуваат Украинците на „околу три“ локации надвор од Украина, од кои една е Германија. Останатите локации не се откриваат. Најголем дел од обуката за Украинците ја обезбедуваат припадници на Националната гарда кои престојувале во Украина пред руската инвазија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медиуми: Шефот на Пентагон нареди запирање на…
Шефот на Пентагон, Пит Хегсет и наредил…
Пентагон: САД нема да испраќа војска во…
САД нема да испраќаат свои војници во…
Пентагон им забрани на трансродовите луѓе да…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
Пентагон: Доаѓањето на Трамп нема да влијае…
Пентагон објави дека доаѓањето на администрацијата на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…