Пентагон: Русија лансираше вселенско оружје кон нашите сателити
„Русија лансираше објект во ниската орбита на Земјата за кој проценуваме дека веројатно е противвселенско оружје за кое се верува дека е способно да нападне други сателити“, изјави на прес-конференција портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер.
Рајдер додаде дека Вашингтон ќе продолжи да ја следи ситуацијата и е подготвен да ги заштити своите интереси.
„Ние имаме одговорност да бидеме подготвени да ја заштитиме и браниме областа, просторот и да обезбедиме континуирана и непрекината поддршка на нашите сили“, рече тој.
Москва претходно ги обвини Соединетите Држави дека сакаат да постават оружје во вселената.
„Уште еднаш покажаа дека нивните вистински приоритети во вселената не се насочени кон ослободување на вселената од какво било оружје, туку поставување оружје во вселената и негово претворање во арена за воен конфликт“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џонсон: Да испратиме европски војници во Украина…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон повика европски…
Хакери наводно извршиле пробив во системите на…
Се појавија информации за наводен хакерски напад…
Цените на нафтата на најниските нивоа во…
Цените на нафтата утринава паднаа втор ден…
(Видео) Руте повика на цивилна подготвеност во…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги…
Богдановиќ: Македонија ја гледаме во ЕУ, но…
Македонија треба да биде дел од Европската…