Перо Камиказа му одговори на Никола Наумовски: Знам дека нemaте пари за бeлo, па поминавте на дyвaње лепак кој многу брзо ви го cyши мозокот

t

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа одговори на непримерниот пост на Никола Наумовски, близок соработник на екс градоначалникот на Скопје Петар Шилегов кој во обид да ја, нападне градоначалничката Данела Арсовска го навреди маратонецот, бизнисмен, музичар и хуманитарец.

Во постот во кој шефот на кабинет на Шилегов и братучед на Радмила Шекеринска ја напаѓа Арсовска со тоа што се обидува преку социјалните мрежи да се пресмета со Камиказа кој во кампањата за градоначалник најавуваше поставување тоалети на кејот на Вардар, нешто што сега е направено од страна на градоначалничката.

Наумовски во постот му порачува на Камиказа дека сега може да умре среќен.

Ова е одговорот на Камиказа:

Сељобер-Монокотиледонски 😁.

Ти друже што ми посакуваш среќен да умрам, ја пееш мојата песна „ДИРЛАДА“ пред грчката амбасада со распеани Скопјани. Да не сакаш да ти ги оставам авторските права, а?! Сега знам дека со Мирко Попов – дијагноза немате пари за бело, па поминавте на дување лепак кој многу брзо ви го суши мозокот.

Набрзо тамо кај што ќе одиш, нема да имаш право на користење телефон… Е, токму тамо, ти пожелувам долг и среќен живот и по можност да ги прочиташ делата на Горан Стефановски, кој за тебе е селски гастарбајтер и маалски националист…

Дотогаш јас среќно ќе трчам, ќе возам точак и пливам, ќе напишам уште по некој хит и ќе го чекам твоето „воскресение“…

И да, ако треба, повторно ќе бидам скретничар на возот во кој ти и таквите како тебе ќе се возат, со една цел никогаш да не се повторите… После Русе ти си наредниот. Биди така Тоалети пред се – пишува Камиказа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кавга во ЕП за Македонија предизвикана од…

Бугарски европратеници од десничарска провиниенција влегоа во…

Перо Камиказа му одговори на Никола Наумовски:…

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски…