Песков: Белград е под невиден притисок поради односите со Москва
Србија е под интензивен, невиден притисок поради односите со Москва и тоа нема никаква врска со нечија смрт, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Новинарите побараа од Песков да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ „Прва“ дека смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални може да ги искомплицира односите меѓу Белград и Москва и дека очекува зголемен притисок од Брисел.
„Не го знам контекстот на таа изјава, но единствено што со сигурност знаеме е дека Белград е постојано под многу силен притисок и тоа нема врска со нечија смрт. Тој притисок е константен и сосема без преседан“, рече Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…
Собранието денеска ги усвои измените на Законот…