Песков дециден: Враќање на Крим во Украина не доаѓа предвид!
Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев има желба да го врати Крим „со невоени средства“ официјална Москва ја сфаќа како дискусија за отуѓување на руските територии, што е целосно неприфатливо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-За нас ова не е ништо повеќе од дискусија за отуѓување на руска територија и тоа поинаку не може да се разбере. Тоа не доаѓа предвид, одговори Песков на барање на новинарите да ја коментира изјавата на Зеленски, пренесе Тасс.
Украинскиот претседател претходно изјави дека Киев е подготвен да ги разгледа опциите за невоено враќање на Крим, но повика „да не се губи време“ на опции што не предвидуваат, како што наведе, „деокупација на полуостровот”.
Во интервју за Фајненшл тајмс, Зеленски изјави дека доколку решението не предвидува деокупација, а според тоа решение Крим е дел од Русија, никој не треба да губи време на тоа, пишува „Украинска Правда“.
-Ваквите изјави уште еднаш укажуваат на неподготвеноста и неспособноста на украинската страна, што не покажува волја проблемот да се реши со невоени методи, рече Песков
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…