Песков: Дроновите над Копенхаген не се руски

t

Русија денеска соопшти дека беспилотните летала над Копенхаген, поради што беше затворен аеродромот четири часа, не се нејзини.

– Секогаш слушаме неосновани обвинувања, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на изјавата на премиерката на Данска, Мете Фредериксен, која го осуди прелетот на дронови над Копенхаген како и не ја исклучи руската вмешаност.

Таа оцени дека тоа е најсериозен напад врз критичната инфраструктура на Данска досега.

– Ова кажува нешто за времето во кое живееме и за тоа на што како општество треба да бидеме подготвени. Секако, не исклучуваме ниту една можност за тоа кој стои зад тоа, додаде таа.

Фредериксен нагласи дека инцидентот е во согласност со неодамнешните појави на дронови, нарушувања на воздушниот простор и кибернапади врз европските аеродроми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски за „Спорт фокус“: Инвестираме во спортската…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во…

Гаши за гласањето во недела: Во Брвеница…

На вториот круг на локалните избори во…

Мицкоски: Јас сум за отворање рудник за…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски  на денешната…

Полициска акција на повеќе од 10 локации…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

АЛАРМАНТНО: Двесте до триста пациенти на 100.000…

Годишно, на 100.000 жители има од 200…