Објавено на:

Песков: Дронот над Црното Море ја докажува вмешаноста на САД во конфликтот против Русија

t

„Сосема е очигледно што прават овие дронови. Нивната мисија воопшто не е мирољубива, да обезбедат пловидба во меѓународни води. Тоа ни е добро познато. Всушност зборуваме за директна вмешаност на тој што ги контролира овие беспилотни летала во конфликтот против нас“, изјави Песков, пренесува Тасс.

Дронот ем кју-9 на американското воено воздухопловство се урна на 14 март во меѓународните води на Црното море.

САД и Русија издадоа различни изјави за тоа што се случи на небото над Црното Море. Американската војска тврди дека рускиот авион при пресретнувањето го погодил пропелерот на дронот, по што дронот паднал.

САД објавија декласифицирана снимка во боја од камерата на сопственото беспилотно летало на која се гледа како руски борбен авион Су-27 се приближува до опашката на американското беспилотно летало, фрла гориво, а потоа удира во неговиот пропелер.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека дронот летал во правец на руската граница со исклучени транспондери и влегол во зоната за забранети летови што Москва ја воспоставила во областа во близина на Крим за време на борбите во Украина.

Руското Министерство за одбрана тврди дека рускиот авион немал контакт со дронот, дека не користел оружје и дека дронот паднал поради „лошото маневрирање“ на американскиот оператор кој управувал со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Такер Карлсон откри детали од разговорот со…

Американскиот новинар и конзервативен коментатор Такер Карлсон…

Полимаркет отвори „обложување“ на победникот на изборите…

За разлика од „обложувачниците“ на глобалната платформа…

Мицкоски се сретна со генералниот секретар на…

Премиерот Христијан Мицкоски, синоќа во седиштето на…

САД И ИРАН БАРААТ ИЗЛЕЗ ОД ВОЈНАТА:…

Паралелно со новата ескалација околу Саудиска Арабија,…

РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…

Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…