Објавено на:

Песков: Европа пука по шефови, историјата ќе се повтори

t

Европските држави ќе се изложат на ризик ако прифатат на нивна територија да бидат распоредени американски проектили со долг дострел, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој, коментирајќи ја можноста САД да распоредат хиперсонични проектили во Европа, истакна дека Русија има „доволно потенцијал да ги одврати тие проектили, но главните градови на овие европски држави би биле потенцијални жртви“.

Песков посочи и дека за време на Студената војна американските проектили стационирани во Европа биле насочени кон Русија, а руските во исто време биле насочени кон Европа, поради што земјите од Стариот континент биле главни цели на секој потенцијален конфликт.

Европа сега пука по шефови. Ова не е најдобро време за Европа и затоа, вака или онака, историјата ќе се повтори, наведе Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…

Трагедија во Ханиоти: 16-годишно момче од Бугарија…

Голема трагедија го потресе Ханиоти, популарно одморалиште…

Мосад најави дека ќе продолжи со разузнавачки…

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Иран ја потврди смртта на висок воен…

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…