Песков: Москва е отворена за продолжување на преговорите за Украина
Русија е отворена за продолжување на преговорите за Украина, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмириј Песков, наведувајќи дека моменталната пауза во разговорите не е вина на Москва, туку на Киев.
„Москва е отворена за продолжување на преговорите. Прекинот што се случи е последица на неподготвеноста на режимот во Киев да го продолжи овој дијалог“, изјави тој за новинарите, коментирајќи ја изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој изрази надеж дека процесот во Истанбул ќе продолжи.
Ердоган изјави претходно денес, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Анкара, дека преговорите во Истанбул претставуваат важна пресвртница во постигнувањето мир во руско-украинскиот конфликт и рече дека процесот мора да се реактивира.
Според него, продолжувањето на преговорите во Истанбул со посеопфатен и попрагматичен пристап би можело да придонесе за наоѓање начини за мир во Украина.
„Очекуваме сите наши партнери кои сакаат да го запрат крвопролевањето во регионот да покажат конструктивен пристап кон процесот во Истанбул“, нагласи тој.
Ердоган потсети на хуманитарните резултати од трите рунди преговори постигнати во Истанбул и нагласи дека Турција е подготвена да разговара со Русија за предлози што би можеле да го забрзаат прекинот на огнот и да го отворат патот за праведен и траен мир, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…