Песков: Путин сè уште не одлучил дали ќе се кандидира на следните избори
Владимир Путин сè уште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателските избори во март 2024 година, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Путин сè уште нема дадено никакви изјави за ова прашање. Изборната кампања сè уште не е објавена“, рече Песков, а пренесува ТАСС.
Претседателските избори во Русија се очекува да се одржат на 17 март 2024 година, а одлуката ќе ја донесе следниот месец Советот на Федерацијата, горниот дом на парламентот.
Според руските закони, Путин има право да се кандидира за уште еден мандат.
Претходно денеска, „Ројтерс“ објави дека Путин одлучил да се кандидира на изборите во март, кои потенцијално би му овозможиле да остане на власт најмалку до 2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СПМ до Јотова: „Македонија има своја историја,…
Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на…
Министерот Муцунски во работна посета на Израел
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни бројки на аеродромите, растот на…
Резултатите од првите седум месеци од 2026…
Сирија и Израел одржале разговори со посредство…
Сирија и Израел синоќа во Јордан одржале…
Транспортерите излегуваат на протест пред Делегацијата на…
Превозниците од Македонија на 31 август ќе…