Песков: Русија го разбира опкружувањето во кое се наоѓа Србија и притисоците со кои се соочува
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија го разбира опкружувањето во кое се наоѓа Србија и притисоците со кои се соочува, додавајќи дека Москва има посебен однос со Белград, кој има намера да го развива.
Го разбираме опкружувањето во кое се наоѓа Србија. Најдобар начин за градење односи е дијалогот. На Србите им е многу тешко бидејќи се под постојан притисок“, рече портпаролот на Кремљ.
„Ние имаме посебни односи со Србија и посебно партнерство“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Белград има намера да ја развива соработката со НАТО, но со зачувување на воената неутралност, пренесува РИА новости.
Песков додаде дека Русија „многу ги цени“ односите што ги има со Србија и планира дополнително да ги развива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…