Песков: Русија ќе ги отстрани талибанците од својата листа на терористички организации
Русија соопшти дека има важни прашања за разговори со лидерите на авганистанските талибанци и дека работи на отстранување на талибанците од својата листа на забранети терористички организации.
„Ова е земја која е со нас и ние комуницираме со нив на еден или друг начин“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Мораме да ги решиме итните прашања, тоа бара и дијалог, па во таа смисла комуницираме со нив практично како со сите други – тие се де факто влада во Авганистан“, додаде Песков.
Тој не даде детали за „итните прашања“, но Русија го претрпе најсмртоносниот напад во последните 20 години минатиот месец, кога вооружени напаѓачи упаднаа во концертна сала надвор од Москва, убивајќи најмалку 144 луѓе.
Одговорноста ја презедоа милитантите на терористичката „Исламска држава“, а американските власти рекоа дека имаат разузнавачки информации дека авганистанскиот огранок на мрежата, Исламската држава Хорасан, е одговорен за нападот. Русија соопшти дека исто така разгледува и украинска трага, што Киев и САД силно го отфрлија.
Талибанците се вратија на власт во Авганистан во 2021 година по повлекувањето на странските сили предводени од САД, но досега останаа на руската листа на терористички организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на Сарај претепан додека чекал со…
На 31.10.2026 во 20:15 часот во СВР…
Мицкоски: Македонската дијаспора е нераскинлив дел од…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски…
На дело фатени двајца гостиварци додека продавале…
Од СВР Тетово информираат дека се уапсени…
Џефри Сакс за македонските евроинтеграции: Мојот совет…
Мојот совет до Европа е да се…
ДЕТЕ Е ТЕШКО ПОВРЕДЕНО: МВР со детали…
На 31.10.2026 во 23:00 часот, полициски службеници…