Петардите не се играчка
На Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид, утре, сабота, 21-ви декември 2024 година, со почеток од 12:00 часот, припадници на СВР Охрид, Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид да делат едукативни материјали за опасностите и последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства, со нагласување дека употребата на пиротехнички средства се казнува. Во рамки на активноста ќе биде изведена и симулациска показна вежба на повредени од експлозија на петарди со приказ на повреди на екстремитети од експлозијата и укажување на прва помош при таква повреда, од страна на парамедиците на Црвен крст Охрид, информираат организаторите.
„Петардите не се играчка“ е пораката која организаторите на овој настан ја упатуваат до децата, но и до родителите, со апел за грижа за безбедни Новогодишни и Божиќни празници. Додаваат дека вакви и слични активности во наредните денови ќе бидат реализирани и во дел од основните училишта во Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дрон погоди разладна кула на нуклеарната централа…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е…
Зајкова до Ковачев: Ако навистина ја сакате…
Љубовта се покажува со дела. Ако навистина…
Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…
Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…
СЗО: За четири години никаде во светот…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека…
Два земјотреси се регистрирани денес во Грција
Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…