Петгодишно дете од Гостивар се затруло со лековите на баба му
Петгодишно дете од Гостивар се затруло со лекови кои ги нашло додека го чувале дедото и бабата.
Детенцето од Чегране било префрлено на Детската клиника во Скопје откако се затруло со лекови на 8 јуни.
Полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение при Медицинскиот центар Гостивар. Според изјавата на мајката Н.А. (25), настанот се случил околу 17 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо. Поради невнимание, малолетникот дошол во допир со таблети оставени на лесно достапно место од страна на бабата и ги проголтал, по што му се влошила здравствената состојба.
Во контактибилна состојба е префрлено на Детската Клиника.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…