Петковиќ до Курти: Залудни се уцените, Белград никогаш нема да го признае самопрогласеното Косово
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека Албин Курти залудно се обидува да наметне некои нови услови и уцени на Белград и преку задната врата се обидува да го натера Белград да го признае Косово, но дека тоа никогаш нема да се случи додека Александар Вучиќ е претседател на Србија.
„За Белград единственото нешто што може да се разговара со Курти и Приштина е враќање на целосниот поредок на ОН и надлежноста на мисијата Унимко на Косово и Метохија, целосно почитување на повелбата на ОН, како и строго почитување на резолуцијата 1244 Советот за безбедност на ОН“, рече Петковиќ.
Петковиќ додаде дека со Приштина треба да се разговара само за тие постулати на меѓународното право, која очигледно не сака договор заснован на компромисни решенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…