Петковиќ: Курти во Скопје го промовира таканаречениот фашистички проект Голема Албанија
Препораката на Курти Скопје да се доближи до самопрогласеното Косово, Албанија и Бугарија и подалеку од Србија е дрскост и повеќекратна глупост.
Ваквите изјави Курти ги дава во време кога отворено се занимава со дестабилизација на Македонија, вели директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ.
Курти, потсети Петковиќ, дојде во Македонија за да ги поттикне најекстремните политички структури на Албанците во таа земја и да го промовира фашистичкиот проект на таканаречената Голема Албанија.
„Прогласувајќи се себеси за политички и идеолошки ментор на оние кои ќе ја дестабилизираат и поделат Македонија, Курти ја прошири својата воинствена мисија од Косово и Метохија на околните територии, кои ги смета за составен дел од неговиот луд големоалбански државотворен проект, рече Петковиќ.
И разбирливо е дека од Тетово, кое во блиското минато беше во фокусот на албанскиот тероризам и сепаратизам во Македонија, Курти го напаѓа Белград, бидејќи Србија е најконзистентен и најискрен пријател на Македонија во регионот.
Што повеќе треба за спонзорите на Курти во меѓународната заедница да се вразумат и да сфатат дека негуваат чудовиште, кое доколку не се запре, ќе разгори нов бран на конфликти и уништувања на Западен Балкан.
Апелираме до сите во Македонија да не подлегнуваат на пропагандата и воинствената реторика на Аљбин Курти, туку да продолжиме да ја градиме просперитетната држава Македонија.
Преку иницијативата Отворен Балкан и на сите други начини, Србија ќе продолжи да гради мостови на пријателска соработка со сите оние кои се грижат за нашиот регион засекогаш оставајќи го зад себе мрачното доба на меѓуетнички поделби и конфликти и тргнувајќи по патот на развојот и напредокот. “, рече Петковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…
Некој пукал во бик со воздушна пушка…
Жител на тетовското село Волковија пријавил во…
32 бебиња се родиле викендов на ГАК!
Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…