Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ Е!

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска остро го критикуваше известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за прифаќањето на Косово, Дора Бакојани поради авторскиот текст во кој наведува дека од Приштина се барани бројни реформи, а не споменува кршење на правата на Србите и неисполнување на обврските, вклучително и формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).
„Срам да ви е Дора Бакојани! Не се знае што е полошо, дали вашиот скандалозен извештај или се што кажувате во одбрана на Косово“, рече Петковиќ во објава на платформата Х, пренесува Танјуг.
Тој нагласи дека во извештајот на ПССЕ Бакојани, кој го нарече срамен, нема ниту еден збор за тоа дека Приштина не ја формирала ЗСО, како и дека правата на Србите секојдневно се кршат на Косово и Метохија.
„Ги споменувате наводните бројни реформи кои беа ставени во т.н Косово за членство во Совет на Европа, а вие не кажавте ни збор дека Приштина не ја формираше ЗСО 11 години, дека апси и тепа Срби секој ден, дека Приштина ја стопира продажбата на српска стока на 10 месеци, дека го укинува динарот и забранува плати и пензии за Србите, врши етничко чистење на Србите, „врши институционално насилство, наметнува лажни градоначалници на север, ора српски гробишта и краде српски имот… Во вашиот срамен извештај нема такво нешто. “, изјави Петковиќ, пренесува Танјуг.
Во својот авторски текст за Европски Западен Балкан, Бакојани наведува дека од ниту еден кандидат за членство во Советот на Европа не е побарано повеќе реформи од Косово пред да разговара за членство во таа организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Белгија планира да испрати затвореници во Косово
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…
Грција одделува 25 милијарди евра за одбрана,…
За време на специјалниот самит во Брисел…
Кос: Црна Гора и Албанија со најголем…
Албанија и Црна Гора постигнаа поголем напредок…
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…