Петков за BBC: Бугарија има силен глас во НАТО и ЕУ – Дали тоа има врска со Македонија?

t

Позицијата на Бугарија за тензиите меѓу Русија и Украина е недвосмислена, изјави премиерот Кирил Петков за Би-Би-Си како одговор на прашањето за обидите на рускиот претседател Владимир Путин да најде слабости меѓу членките на НАТО:

„Имаме силен глас во НАТО и во Европската Унија. Бугарија е многу предвидлива членка на НАТО и мислам дека зборот „слабост“ воопшто не може да се поврзе со нас“.

Во интервју за колумната Хардтак на Би-Би-Си, премиерот рече дека доколку Москва одговори со енергетски ограничувања во случај на нови санкции од Запад, тоа може да биде проблем за Бугарија. Тој додаде дека разговарал со Европската комисија за акционен план во таква ситуација:

„Доколку се оствари ова многу лошо сценарио, ќе успееме, но ќе бидеме принудени да го ограничиме извозот на струја. Единствениот европски пазар овојпат ќе мора да направи исклучок само за овој период“.

„Бугарија се уште е нето-извозник на струја и може да има прекини за краток период. Моментално многу брзо ја градиме гасната врска со Грција, од каде што можеме да имаме пристап до други извори на природен гас. Ова поврзување е од најголем приоритет, очекуваме да се случи во следните 4-5 месеци. Активно се обидуваме да ги намалиме овие ризици, но важно е да се напомене дека тие мора заеднички да ги преземат Европската Унија и НАТО“, изјави Кирил Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…

Трилатерална средба на министрите за одбрана и…

Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…

Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…

Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…