Петков и Јотова ќе шират бугарштина во Битола – за време на посетата во сабота ќе се промовираат бугарски проекти

t

Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со уште еден висок преставник на бугарската влада и со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, оваа сабота ќе ја посетат Битола, објави СДК.мк.

Од македонската Влада потврдуваат дека бугарските политичари во Македонија доаѓаат на сопствена инцијатива. Целта на посетата е промоција на проекти, делумно финансирани од бугарската држава.

За детали околу агендата на Петков, од Владата упатуваат на Бугарската амбасада во Скопје, од каде нема одговор кои места во Битола ќе ги посети Петков. Неофицијално, тој ќе присуствува на отворање на библиотека со бугарска литература, пишува СДК.мк.

Пред два месеца, во Битола беше уреден и Клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“ на улицата Рузвелтова во центарот на градот, кој допрва треба да се отвори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…

Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…