Објавено на:

Петков почна да колне? За Слави довидување, за Борисов ќе го стигнат гревовите

t

Задкулисните игри ги покажаа сите нијанси и нивната застапеност во Народното собрание, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарската ТВ Нова веднаш откако беше изгласана недоверба на неговата влада.

За лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов рече дека е историја и дека никогаш нема да има шанса за политички проект. 

„Следуваат избори и народот пак ќе гласа. И за Слави ќе кажам довидување. За Борисов рече дека гревовите што ги имаат, кражбите што ги направил, ќе го стигнат. Не можете да продолжите да ја играте оваа игра долго време. Ако денес се чувствувате поудобно, тоа е привремено го сожалувам.“, рече Петков. 

За предлогот на ГЕРБ за изгласување на недоверба на второто гласање се изјаснија 123 пратеници, а против беа 166. Според деловникот на бугарското собрание може да има две гласања – прво и повторено. Во првото гласање, за соборување на владата гласаа 124 пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил

Министерството за внатрешни работи на Украина објави…

Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…

Не може да има „пасивен став“ кога…

Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…

Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…

Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да…

Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не…

Бориславова: Петков наскоро нема да го посети…

Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да…