Објавено на:

Петков пријатно изненаден од номинацијата на Марија Габриел за премиер: Се зголемуваат шансите за формирање на влада во Бугарија

t

Се зголемуваат шансите за формирање на влада во Бугарија откако коалицијата на Бојко Борисов ја номинираше за премиер Марија Габриел, пренесуваат бугарските медиуми.

ПП-ДБ може да ѝ даде втора шанса на владата предложена од ГЕРБ-СДС. „Вратата не е заклучена. Мислам дека нема шанси, но денеска ќе побарам да се сретнеме и да видиме дали нема друга опција“, изјави претседателот на ПП-ДБ Кирил Петков на БТВ.

Тој објасни дека е многу пријатно изненаден од номинираната за премиер Марија Габриел.

„Во лицето на Габриел, препознав личност која дошла да направи вистински разговор, а не само да чуе „не“ од нас. Личност која на поставените конкретни прашања дава конкретни одговори. За време на средбата помислив колку би било страшно во следните 4 години да има влада на ГЕРБ-ДПС-БСП.Затоа не ја заклучив вратата туку реков-Сакам да разговарам со сите наши тела.Но пред да кажеме цврсто не, ајде размислете дали има друга опција освен да ја дадеме државата на тројна коалиција, со која не верувам дека ќе ги исполниме задачите што ги поставивме. А она што е важно е дека ни се допаднаа некои од одговорите на Габриел. Ќе направиме коалициски совет и на крај национален совет, ќе размислиме дали има друга алтернативна мисла на она што се бара“, нагласи Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…