Петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца
Пет лица меѓу кои двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15:55 часот се случила на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“, во Куманово.
Во сообраќајката, како што информира МВР, учествувале автомобил „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(52) од Куманово и автомобил „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(33) од Куманово.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово, велат од МВР.
По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…