Петровска: Ако ми најдете непријавен имот ќе го донирам на ВМРО-ДПМНЕ
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вечерва гостува во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“, заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Министерката се осврна на тврдењата на опозицијата дека имала имот кој не бил официјално пријавен. Петровска вели дека ако се утврди дека имала таков имот, таа е подготвена да ѝ го донира на ВМРО-ДПМНЕ.
„Aко имам непријавен имот, јас ќе го донирам на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петровска, откако Ковачки ги изнесе обвинувањата за наводен непријавен имот кој министерката го поседувала во околината на Скопје.
Таа побара пратеникот да се извини и вели дека не поседува таков имот. Петровска бараше Ковачки да прецизира за која локација зборува, но тој кажа дека тоа може за еден ден да се провери во Катастар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…