Петровска: Ако ми најдете непријавен имот ќе го донирам на ВМРО-ДПМНЕ

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вечерва гостува во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“, заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Министерката се осврна на тврдењата на опозицијата дека имала имот кој не бил официјално пријавен. Петровска вели дека ако се утврди дека имала таков имот, таа е подготвена да ѝ го донира на ВМРО-ДПМНЕ.

„Aко имам непријавен имот, јас ќе го донирам на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петровска, откако Ковачки ги изнесе обвинувањата за наводен непријавен имот кој министерката го поседувала во околината на Скопје.

Таа побара пратеникот да се извини и вели дека не поседува таков имот. Петровска бараше Ковачки да прецизира за која локација зборува, но тој кажа дека тоа може за еден ден да се провери во Катастар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…