Петровска верува во исправната одлука на тимот за купување на осумте хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“
Министерката за обрана, Славјанка Петровска смета дека нема никаква корупција во одлуката за купување на осумте хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“, а својот потпис го ставила на договорот, бидејќи верува во стручноста и професионалноста на македонскиот тим кој ја донел оваа одлука, кои знаат во која насока треба да оди модернизацијата на Армијата.
Петровска денеска од Штип истакна дека двете Влади на Северна Македонија и Италија имаат склучено договор и обвинувањата за оваа компанија, значи и обвинување кон Италија, што и дипломатски е недозволиво. Италијанската компанија Леонардо во понудата од 230 милиони евра има дадено и пакет за одржување на хеликоптерите. Предвидено е обука за пилотите кои ќе ги летаат и изградба на сместувачки капацитет, кој ќе биде дел од воздухопловниот ВИНГ во касарната Петровец. Петровска порача и дека како министерство за одбрана се апсолутно подготвени да излезат во пресрет за лекување на Украинските војници.
Денеска во Штип беше организиран отворен ден и граѓаните одблизу се запознаа со дел од вооружувањето, борбената опрема и возилата на АРМ.
Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од членство на нашата земја во Алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…
Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…