Петровска во работна посета на Пентагон и Стејт Департментот
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе се сретне со високи официјални претставници на Пентагон и на Стејт Департментот, соопшти Министерството за одбрана.
-За време на посетата, министерката ќе ја реафирмира одличната одбранбена соработка помеѓу двете земји, која се одвива преку континуираните програми за поддршка на одбранбените реформи, процесот на модернизација и опремување кој е поддржан и од американска страна, соопшти Министерството за одбрана.
Од Министерството потсетуваат дека Петровска и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин во јуни годинава во Вашингтон го потпишаа Патоказот за соработка за периодот 2023 – 2033 година кој дава насоки во кои рамки ќе се развива веќе етаблираната и исклучително важна македонско-американска соработка.
-Во досегашната соработка, од 1996 година САД ја поддржаа македонската одбрана со над 330 милиони долари, од кои над 135 милиони само во последната година, што ја покажува посветеноста на нашиот стратешки партнер во развојот на капацитетите на Армијата на Република Македонија, соопшти Министерството за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Пентагон ги подготвува американските воени бази да…
Пентагон подготвува американските воени бази да продолжат…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…