Петровска во САД оддаде почит за загинатите американски војници

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во рамки на посетата на САД, денеска положи венец на Гробот на незнајниот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон” во Вашингтон.

Петровска преку овој чин им оддаде почит на загинатите американски војници, во духот на исклучително блиските односи на Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство и сојузништво во НАТО.

Петровска го посети и Меморијалниот центар на националните гробишта „Арлингтон“, каде подари плакета во чест на загинатите американски војници.

Меморијалниот саркофаг на непознатиот војник во Националните воени гробишта во Арлингтон е изработен пред 101 година и претставува последното почивалиште на неидентификувани американски војници од Првата светска војна и подоцнежните војни.

Посетата на министерката Петровска на САД денеска продолжува со неколку средби со тинк-тенк заедницата, како и со официјална вечера со помошничката на секретарот за одбрана, Селесте Валандер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…