Петровска во САД оддаде почит за загинатите американски војници

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во рамки на посетата на САД, денеска положи венец на Гробот на незнајниот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон” во Вашингтон.

Петровска преку овој чин им оддаде почит на загинатите американски војници, во духот на исклучително блиските односи на Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство и сојузништво во НАТО.

Петровска го посети и Меморијалниот центар на националните гробишта „Арлингтон“, каде подари плакета во чест на загинатите американски војници.

Меморијалниот саркофаг на непознатиот војник во Националните воени гробишта во Арлингтон е изработен пред 101 година и претставува последното почивалиште на неидентификувани американски војници од Првата светска војна и подоцнежните војни.

Посетата на министерката Петровска на САД денеска продолжува со неколку средби со тинк-тенк заедницата, како и со официјална вечера со помошничката на секретарот за одбрана, Селесте Валандер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…