Петровска: Дали МВР не ги соопштува иницијалите на убијците кај Мавровка бидејќи биле криминалци барани со потерница?

t

Пратеничката од СДСМ и поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска изрази сомневање дека по низа инциденти во Скопје, граѓаните не се чувствуваат безбедно, упатувајќи ја одговорноста кон премиерот. Според неа, премиерот ја одобрува неспособноста на Министерството за внатрешни работи.

„Откако ВМРО-ДПМНЕ доби контрола над МВР, не само преку новата влада, туку и со техничката влада на почетокот на јануари, кога не беше сменет само министерот туку и целата структура, ова покажува неспособност на ВМРО-ДПМНЕ да управува со клучното министерство,“ истакна Петровска во интервју за ТВ 21

Таа го коментираше убиството во близина на Трговскиот центар „Мавровка“, забележувајќи дека МВР не ги објавило иницијалите на уапсените лица ниту на осомничениот кој е сè уште на слобода.

„Може ли МВР да не ги објави иницијалите на уапсените или на бегалецот поради тоа што можеби станува збор за затвореници кои, наместо да бидат во затвор, се на улица? По нив имало распишано потерница, но не биле пронајдени повеќе од 30 дена. За жал, потребно беше да се случи убиство во центарот на Скопје за да биде приведен еден од нив, додека се уште се чека акција за пронаоѓање на другиот,“ зклучи Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Дали МВР не ги соопштува иницијалите…

Пратеничката од СДСМ и поранешната министерка за…

ЈСП Скопје пријави измама во МВР: Краделе…

ЈСП Скопје утврди лажна вест со која…

СДСМ: Граѓаните се чуствуваат небезбедно заради секојдневните…

За неколку месеци државата се претвори во…

(Видео) МВР во потрага по третиот осомничен…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…

Неофицијално: Убијците мислеле дека убиениот носи злато…

На паркингот пред трговски центар „Мавровка“ претпладнево…