Петровска до Мицкоски: Претходно ме клеветевте, сега ме следите и се заканувате
Пишува Славјанка Петровска на социјалните мрежи:
Ме сликате, ме следите и се заканувате.
Предходно не ме критукувавте за работењето туку ме омаловажувавте, навредувавте и клеветевте.
Но јас криткував и ќе продолжам. Тоа ми е должност.
Како што е должност на МВР да провери кој следи народен пратеник, доскорашен министер за одбрана односно жена додека го шета својот миленик и згора на се објавува фотографии на социјални мрежи и се заканува.
Скопје 7 месеци по превземањето на МВР од страна на ДПМНЕ е небезбеден град.
Христијан, наместо да ме замолчуваш со притисоци од ваков тип одговори и на јавноста:
Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена⁉️
Во тоа време обврската за нивно пронаоѓање и враќање во затвор е на Министерството за внатрешни работи. Ако биле во затвор, каде што и требало да бидат, немаше да го извршат вчерашното убиство.
Значи, да го повториме прашањето:
Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена⁉️
Патем ќе поднесам пријава до МВР и да видиме каков пристап ќе има МВРО-ВМРО во случајот за тоа што ме следат и ми се закануваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
Двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското…
Двоглавиот орел повторно е поставен на врвот…
Тешка сообраќајка кај Белви: Се судриле три…
Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава кај…
Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана
Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните…
31 година од атентатот на Глигоров
Пред 31 години на 3 октомври беше…