Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ
Власта ја оствари својата цел, а тоа е Македонија да ја оддалечи од ЕУ. Тоа што Албанија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија, а ние остануваме во место, ДПМНЕ и го посакуваше, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во дебатната емисија „Анализа“, на 24 ТВ.
-ДПМНЕ и власта ќе направат се за да се оддалечиме што е можно побрзо од ЕУ, оти тоа им одговара. А, оние нивни констатации дека ни се случуваат неправди, притоа без да понудат план, се само изговори и не доликуваат на изјави на државници и одговорни политичари“, рече Петревска.
Под изговор дека ги штитат националните интереси, а за сметка на тоа граѓаните ги залажуваат со навидум евтини кинески кредити, ДПМНЕ нема план за патот кон Европската унија, чии механизми за контрола во државата, не и одговараат на власта, потенцираше Петревска.
Во дебатната емисија таа потенцираше дека ДПМНЕ ги излажа граѓаните, особено кога им ветуваше дека ќе репреговара за преговарачката рамка.
-На ДПМНЕ му гори, затоа што лагите дека ќе репреговараат подобра преговарачка рамка и дека ќе го вратат името им излегоа на виделина. Немаат план. Кога ја добивме одлуката дека Албанија почнува преговори со ЕУ, за ДПМНЕ, пак сите се виновни, само тие не се. Кога СДСМ ја прифати преговарачката рамка, нам ни беше јасно дека само тоа е патот кон ЕУ и ние храбро донесовме одлука. Сегашната власт, не го оствари она за кое ветуваше дека се залага. Граѓаните сакаат побрза интеграција во ЕУ. Обврска на ДПМНЕ е продолжување на процесот на европска интеграција на држава, рече пратеничката Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…