Петровска: Зголемени се странските мешања, сајбер нападите и лажните вести
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Охрид се обрати на Безбедносниот Форум на алумни на Маршал центарот, кој по 10-ти јубилеен пат се одржа во Охрид.
Петровска потенцираше дека Република Македонија иако е „најмладата” членка на НАТО, докажа дека може да биде модел кој активно придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот.
Осврнувајќи се на војната во Украина, министерката рече дека оваа војна влијае по безбедноста на Европа, вклучително и на Западен Балкан, каде сѐ уште има отворени прашања кои може да ја нарушат безбедноста и стабилноста. Дополнително, според Петровска, големо влијание на тоа имаат зголемените малигни странски мешања, хибридните предизвици, сајбер нападите и кампањите за манипулација со информации.
„Потребно е и продолжување на блиската соработка на НАТО и ЕУ, и уште поактивен ангажман во регионот. И НАТО и ЕУ, сојузниците и земјите-членки, треба да најдат иновативен начин за да помогнат во затворањето на преостанатите отворени прашања меѓу земјите во овој дел на Европа. Сега, повеќе од кога било, евроатлантската и ЕУ интеграцијата на регионот треба да се гледа како алатка за подобрување на безбедноста и консолидирање на стабилноста на овој дел од Европа и пошироко. Целосно интегрираниот Западен Балкан ќе ја направи Европа посилна”, рече Петровска.
На маргините на денешното затворање на Форумот, министерката Петровска оствари средба со Директорот на европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал”, пензионираниот генерал Баре Сегуин, на која беше потенцирана важноста на интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со цел зајакнување на стабилноста на Европа, но и заедничко спротивставување на безбедносните предизвици кои во моментов најчесто се последица на дезинформациите, хибридните закани и сајбер нападите од страна на трети земји.
Безбедносниот форум е спонзориран од Алумни програмите на Европскиот центар за безбедносни студии „George C. Marshall”, Алумни асоцијацијата на Маршал центарот на Македонија и НАТО – Одделот за јавна дипломатија, чија цел е размена на искуства и идеи за зголемена безбедност и сигурност на регионот и пошироко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
Трамп размислува за нови напади – Иран…
САД се на прагот на еден од…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…