Петровска: Инвестираме во најмодерна опрема за АРМ

t

Новите оклопни возила JLTV се новиот лик на македонската Армија, објави на Фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Инвестираме во најсовремена и најмодерна опрема за припадниците на Армијата, за поголема безбедност на граѓаните.

Модернизацијата на Армијата ја продолжуваме со оклопни транспортери од типот Stryker, нови системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи, нови повеќенаменски хеликоптери и друга опрема со која се зголемува безбедноста на државата и колективната безбедност на Алијансата.

Се грижиме и за човечкиот потенцијал: наскоро ќе започнат консултациите за новите измени во Законот за служба во Армијата кои дополнително ќе го подобрат стандардот на армиските припадници. – напиша Петровска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

„Сам одлучив да ги запалам“: Обвинетиот за…

Обвинетиот за подметнувањето пожар на две дипломатски…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…