Петровска: Кога ќе дојдат, поставете им неколку прашања на квази патриотите од ДПМНЕ

t

Доста беше негрижа од градоначалниците и кревање раменици кога се нивните прашања доведени. Во новиот мандат ќе формираме единствена агенција која ќе има законска обврска, да набави опрема за сите против пожарни единици и најважното, основната плата која ќе биде законски уредена ќе значи две просечни плати за секој пожарникар во нашата држава. Затоа што мораме да ги чуваме, тие кои што нас не чуваат.

Ќе предложиме и нов модел на цивилна заштита. Економичен и ефикасен. Затоа што за нас животот на граѓаните е пред се. Да, Македонија ќе биде европска и во Македонија ќе се живее европски,“ порача  од граѓанскиот митинг во Тетово, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и носителка на листа од ИЕ 6 на СДСМ.

Таа обраќајки им се тетовчани им порача, на квази патриотите кога ќе дојдат да им бараат подршка и да им нудат нешто, да им  неколку прашања. Зошто со месеци ја блокираа финансиската подршка на граѓаните во време на пандемија? Зошто блокираа зкони за припадниците на полицијата и армијата? Зошто лажеа, зошто клеветеа?

„Скандалот со лажните анкети, не потсети на старото режимско ДПМНЕ и на конструкциите со кои владееја 11 години со терор и страв.  Соочени со востината, направија коалиција со политички партии меѓу кои со БЕСА, ЗНАМ, ЛЕВИЦА, една политичка партија нема ни печат ни име, мешутоа имаат едно нешто заедничко, а тоа се градоначалниците кои се неспособни дури да с есправат ни со ѓубрето во градот ниту да ги решат комуналните проблеми на граѓаните, а замислете ветуваат дека ќе не водат напред. Не ни требаат такви,“ истакна Петровска.

Петровска порача дека граѓаните од друга страна го имамаат нивниот  претседател, докажан и дома и во меѓународната политика.

„Го имаме Планот за европска иднина, Планот за европска Македонија. И затоа без двоумење и колебање, на 24 април и на 8 мај, многу едноставно,заокружете го бројот 1, затоа што нема откажување од нашата иднина,“ посочи Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе…

"На 8 мај само вие, со моќта…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…

Ковачевски: СДСМ ги покачи пензиите, платите, успеавме да…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме…

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон…